Готвење со ограничен буџет – вкусни и здрави оброци до 2 евра

Нутриционистката Садиа од блогот и YouTube канал Pick Up Limes одвреме-навреме предлага рецепти за јадења со кои нема да го оптоварите семејниот буџет, а сепак ќе јадете вкусна и здрава храна.

Во рецептите што ги предлага во најновиот пост, секој оброк за едно лице е најмногу 2 евра, а рецептите се за послужување околу 4 лица. Таа нагласува и дека очекувано е цените да варираат во зависност од вашето место на живеење и каде пазарите.

Садиа е веган и нејзините рецепти најчесто се базирани на растителни производи. И овие рецепти не се исклучок, а нудат оброци со многу хранливи состојки.

На пример, во првиот рецепт за паста користи брокула. Брокулата е вистинска ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки. Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување.

Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанувањето на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција.

Во вториот рецепт за пица користи хумус. Негови главни состојки се наут, таан, сок од лимон, лук, маслиново масло. Наутот (леблебија) е добар растителен извор на железо. Една чаша хумус ќе ви обезбеди повеќе од 25% од препорачаната дневна доза на железо. Исто така содржи и витамин Ц, кој му помага на организмот полесно да го апсорбира железото внесено преку храна. 

Основните хранливи материи во хумусот се во групата на т.н. сложени јаглехидрати кои се асимилирани побавно од организмот и испорачуваат повеќе енергија на телото, а во исто време не доведуваат до драстични промени во нивоата на шеќерот во крвта.

Третиот рецепт – шпанска паеља – содржи црвена блага пиперка. Од витамини, пиперката најмногу содржи витамин Ц. Докажано е дека во пиперката има дури 4-5 пати повеќе витамин Ц отколку во лимонот и портокалот. Количината на витаминот Ц изнесува околу 100-250 мг во 100 гр свежи пиперки, a неговата количина зависи од староста на пиперката.

Во пиперката има и значителни количини на витамин Б, посебно Б1(60 мг/100 гр) и Б2 (30 мг/100 гр свежи пиперки). Содржи и витамин Е, поради што пиперката има и антиканцерогени својства. Содржи и пантотенска киселина, а во форма на провитамин содржи и витамин А, кој е присутен како бета-каротин и криптоксантин. Од минерали, пиперката е најбогата со калиум, фосфор и железо. Поради големата количина на витамин Ц, пиперката се препорачува во исхраната за јакнење на имунолошкиот систем.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе