Граѓаните не јаделе зеленчук со метали, ширење паника е кивично дело, АХВ размислува да го гони Трипуновски

Краставица, млад кромид, пиперка и домат – сите овие зеленчуци се безбедни за јадење, тврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Тој ги негира обвинувањата од Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство во ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека при контрола на овие зеленчуци имало зголемено присуство на пестициди.

Бабовски рече: „За жал, некој се декларира како демохристијан, а за време на верски празник излегува со неточни податоци – за мене е нонсенс. Ќе мора да преземеме некои активности за да се заштитат граѓаните. За нас, нечие извинување не ни значи. Ако некој треба да се извини, тоа е на граѓаните“.

„Ширење лажна паника и тревога е кривично дело. Сите овие резултати, кои се однесуваат на резидуум од метали или присуство на тешки метали – сите се негативни резултати. Не знам која беше целта кај граѓаните да се шири паника со негативни резултати. Изгледа при брифирањето некој некого излажал. Ако ги разгледате резултатите, некој помешал микрограми и милиграми. Сите се во рамките на дозволените количини. Резултатите се негативни“, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Објасни дека при увоз, кога се прават контроли, ако се најдат пратки што не се во ред, се ставаат под надзор.

„Право на увозникот и економскиот оператор е да побара второ мислење“, додаде Бабовски.

Прашан дали ќе го гони Трипуновски за ширење паника, рече: „Наредниве денови тоа ќе го одлучи менаџерскиот тим. Ниту едно обвинителство не може да го исправи она што беше паника кај граѓаните“.

Според Трипуновски, АХВ и МЗШВ свесно дозволиле и пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, а кое е опасно за здравјето на луѓето.

„Граѓаните, освен што јадат скапа храна, јадат и небезбедна храна. ЈО мора веднаш да реагира. Немаме време за комисии, работни тела и инспекции, потребни се итни мерки, брзи истраги и одговорност. Овој штетен зеленчук може да завршил на пазарите во Скопје, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Велес, буквално на целата територија на Република Македонија. Колку треба да биде профитот на некој поединец за да се дозволи труење на сопствените граѓани од страна на власта?“, праша Трипуновски пред неколу дена.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе