Грајмс откри каде се случило првото рандеву со Илон Маск

Првиот љубовен состанок на Илон Маск и Грајмс бил во фабрика на Tesla.

Статусот на нивната врска сè уште е непознат, но како и да е, Маск направил сè за да ја импресионира Грајмс на самиот почеток.

Деловниот магнат (52) се запозна со канадската пејачка (35) во 2018 година. Грајмс, која со милијардерот има три3-годишен син и 19-месечна ќерка, ги откри неговите обиди да ѝ се додворува – покажувајќи ги своите вештини во еден од своите бизниси, поточно, во погон на Tesla.

Според весникот The Times, таа му рекла на авторот Волтер Исаксон, кој пишува биографија за Маск: „Цела ноќ одевме по подот и го гледав како се обидува да поправа работи“.

Двојката повторно излегла следната вечер, а овој пат милијардерот ги покрил очите додека го забрзувал автомобилот кога ја возел Грајмс до ресторан за да ја импресионира со функцијата на автопилот на возилото.

Таа се присети: „Си помислив… овој човек е луд“.

Двојката, чиј моментален статус на врска е непознат, исто така се поврзале преку „The Lord of the Rings“ и историските поткасти.

„Единствениот начин да бидам во сериозна врска е ако личноста со која излегувам може да слуша еден час воена историја пред спиење“, вели таа.

Грајмс неодамна откри дека нивните деца, познати како X и Y, ги споделуваат татковите интереси во вселената и инженерството.

„Х знае многу за ракети. Тоа е лудо. Тој знае повеќе за ракети од мене. Моравме да престанеме да му даваме играчки, бидејќи ако не се анатомски исправни, се нервира“.

„Тој е мал инженер, сигурно. Но, неговата опсесија со вселената се граничи сo прашањето: дали е ова здраво?“

„И Y е мала инженерка. Таа сака индустриски транспорт. Многу е чудна“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе