Грчката крајбрежна стража отворила оган кон турски брод

Анкара тврди дека бродот бил под „малтретирачки оган“, додека Атина инсистира дека биле испукани само „предупредувачки истрели“.

Бродот „Anatolian“

Турски товарен брод во саботата се наишол со патрола на грчката крајбрежна стража кај турскиот брег на Егејското Море, при што двете нации дадоа спротивставени извештаи за инцидентот.

Според турската страна, ро-ро бродот „Anatolian“ под знамето на Комори претрпел помала штета од грчко мало оружје. Грчката крајбрежна стража, сепак, инсистира на тоа дека кон пловилото биле испукани само предупредувачки истрели. Ро-ро бродови (скратено од Roll-on/roll-off) се товарни бродови кои пренесуваат автомобили, мотори, автобуси, камиони..., односно сѐ што е на тркала.

Турските медиуми објавија видео-снимка од инцидентот, снимена од екипажот на „Anatolian“. На него е прикажан брод на грчката крајбрежна стража кој плови покрај ро-ро бродот. Видеото, исто така, покажува неколку дупки од куршуми во прозорците и ѕидовите на бродот, наводно оставени како резултат на грчкиот оган од мало оружје.

URL

Според Министерството за внатрешни работи на Турција, товарниот брод бил под „малтретирачки оган“ од грчката крајбрежна стража додека пловел кај турскиот остров Бозџаада во меѓународни води. Два брода на турската крајбрежна стража биле испратени да му помогнат на „Anatolian“, но грчкото пловило ја напуштило областа откако ги детерктирало турските бродови што се приближувале, тврди Министерството.

Според грчката крајбрежна стража, „Anatolian“ бил пронајден како се движи „сомнително“ во грчките води северозападно од Лезбос, голем грчки остров кој се наоѓа во близина на турскиот брег. Крајбрежната стража стапила во контакт со „Anatolian“, која го повикала да го промени својот курс и да ги напушти грчките територијални води. Бродот, сепак, не се придржувал до предупредувањата и поради тоа биле испукани предупредувачки истрели „во безбедна област“, тврди грчката страна. Бродот не застанал, дури и додека бил под оган, а на крајот избегал во турските територијални води.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе