Грешки во заведувањето поради кои изгледате очајно, а не привлечно

Заборавете на следните методи на заведување доколку сакате да освоите некој што ви се допаѓа.

За да го придобијат мажот, често се користат методи кои имаат спротивен ефект. Следниве методи не само што ќе го одбијат потенцијалниот партнер, туку и многу е веројатно дека ќе помислат дека вашиот коефициент на интелигенција нема висока вредност или дека сте многу очајни.

Еве што не треба да правите:

Грешка број 1: Многу сум секси

Сликите на социјалните мрежи ги менувате неколку пати на ден и сѐ е во стандардна положба - малку кожа, особено во делот на деколтето, комплетна шминка и секако неизбежно полни усни. Секогаш кога сте фул средени, сликата мора да се појави на Facebook и Instagram, бидејќи сакате да бидете сигурни дека оној што ви се допаѓа ќе ве види само во најдобро издание.

Добивате лајкови, но не и од него. Убедени дека сте неодоливи, постојано ги проверувате нотификациите и сте сигурни дека тој не реагира само затоа што сака да ве полуди и да се прави недостижен. Потоа доаѓа фазата во која мислите дека треба да се потрудите повеќе и да објавите уште попровокативни фотки... Но, не, сосема неточно и погрешно. Не ја правете секогаш истата грешка. Направете пауза од социјалните мрежи и преправајте се дека сте недостижни за промена. Исчезнете некое време.

Грешка број 2: Достапна сум

Му праќате пораки, му се јавувате, му лајкате сѐ што ќе објави, а тој не прави ништо. И тогаш „еднаш во сто години“ ви праќа порака и сте пресреќни, мислејќи дека можеби вашиот труд вроди со плод. Веднаш одговарате и иницирате понатамошен разговор, но не постигнувате успех.

И ништо, чекате да ви пише или да ви се јави, а тој знае дека секогаш во рекордно време ќе добие одговор од вас, дури и повеќе од еден одговор. Во основа, секогаш кога ќе стапи во контакт, секогаш сте таму. Погрешно! За промена, обидете се барем еднаш да не одговорите на порака или да не се јавите.

Грешка број 3: Каде е тој, таму сте вие

Обожавате да излегувате и мислите дека излегувањето е еден од најдобрите начини да се запознаете, па и да има малку алкохол, ќе бидете поискрени и послободни. Местото каде што ќе излезете најчесто го избирате врз основа на тоа каде се наоѓа тој, па секогаш се случува да сте на истото место како „случајно“. Се дотерувате од глава до пети и после цела ноќ чекате дали ќе се појави. Неговите пријатели се таму, но не и тој. Веднаш ви се расипува вечерта, но вие во контра – почнувате лудо да се забавувате за да ве видат неговите пријатели и да му пренесат. Погрешно! Пријателите нема да му кажат, а вие сепак потрудете се да се забавувате со вашето друштво.

Грешка број 4: Пијана сум и подготвена на сѐ

Во оваа фаза, подготвени сте да кажете буквално сè, а потоа да се оправдате колку сте биле пијани. Способни сте да направите сцена, да му кажете дека е безобразен и дека ве врти околу малиот прст како што сака. Но, каењето најчесто доаѓа подоцна кога ќе сфатите што сте му кажале или каква порака сте му испратиле, а потоа е време за нова грижа – да не сте го навредиле и дали после тоа ќе ви одговори повторно. Се обвинувате себе си и расмислувате да му пишете порака со извинување. Се извинувате и пак ништо. Тогаш почнувате да плачете. Погрешно! Во овој случај, најдобро е да го „заборавите“ телефонот дома.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе