Груби: Не ми е предизвик да сум прв премиер Албанец

Првиот вице-премиер, Артан Груби од ДУИ, ги негираше шпекулациите дека има амбиции да стане првиот македонски премиер кој е етнички Албанец.

Во гостувањето на емисијата „Само интервју“ на Канал 5 во четвртокот, Груби одговори на прашањето дали можеби тој ќе биде прв премиер Албанец, со оглед на договорот кој неговата партија го има со СДСМ уште од времето кога Зоран Заев беше премиер, за 100 дена премиер Албанец.

„Тоа не ми е предизвикот, најискрено, сметам дека друг човек треба да биде прв Албанец на чело на Владата, заради политички момент, заради политичка порака, заради целосно помирување на општеството, заради надминување на сите предрасуди. Но, ќе го сочувам мојот фаворит за подоцна“, рече Груби.

Тој потврди дека договорот ДУИ-СДСМ за 100 дена Албанец премиер важи и покрај смената на Заев со Димитар Ковачевски. Воедно, рече и дека тоа ќе биде направено само за да се скршат табуата.

„За да се скршат табуата, не поради друго. Тој премиер Албанец нема да направи чуда, или таа Албанка којашто ќе води 100 дена влада во нашата земја. За да се скршат табуата, како што се скршија со Талат Џафери на чело на Собранието, дека ништо не ѝ се случи на Република Северна Македонија, напротив, стана посилно општество. Истото ќе се случи и со прв Албанец премиер, за апсолутно да се надминат сите предрасуди и да се види дека и Албанец премиер ќе се залага исто како Ковачевски, или како Заев или како било кој друг премиер на нашата земја“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Read more
 

Вести

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе