Гуардиола: Ништо не ми е јасно, можеби еден ден ќе ни ги објаснат ВАР правилата

Манчестер Сити го победи Саутемптон со 5:2 на синоќешниот натпревар во Премиер лигата, но во центарот на вниманието повторно беа судењето и ВАР технологијата.

При резултат од 1:1, Фил Фоден му ја украде топката на голманот на Саутемптон, Алекс Мекарти, кој го сопна и го спречи да ја втурне топката во празната мрежа. Сепак, Фоден не сакаше да падне, па затоа брзо се исправи, но дотогаш гостинската одбрана веќе беше поставена и акцијата пропадна. Бидејќи контактот меѓу Мекарти и Фоден беше очигледен, англиските медиуми се согласија дека судијата Џонатан Мос требаше да досуди пенал, а Пеп Гуардиола се согласува.

„Не разбирам зошто беше поништен голот на Фулам против Тотенхем. Не ги разбирам игрите со рака од натпреварите на Арсенал и Барнли. Не го разбирам ниту овој недосуден пенал денес. Мос не може да го види тоа, но има ВАР, неверојатно е што не досудија пенал. Веќе четири или пет години не се жалам на судењето, ама ова е навистина неверојатно. Неверојатно!“, рече тој со неверување.

На крајот Сити запиша три бода, па грешката на судијата не беше одлучувачка.

„Ако изгубевме со 5:2, немаше да коментирам ништо, бидејќи луѓето би го протолкувале како изговор. Сега победивме за да можам да кажам што мислам. Ова е неверојатно. Можеби еден ден и на тренерите, и на играчите ќе ни ги објаснат ВАР правилата и што се случува таму. Морам да кажам дека сум горд на Фоден и неговата чесност“, заклучи Гуардиола.

реклама

Фудбал

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Read more

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Read more

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more
 

Спорт

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе