Гутереш: Се надевам дека пандемијата на некои ќе им биде повик за будење

Генералниот секретар на ОН, Антониу Гутереш, синоќа изјави дека „на денешниот мултилатерализам му недостасува широчина, амбиција и заби“ и повика на размислување за нова форма на соработка меѓу државите.

Зборувајќи пред денешната 75-годишнина од усвојувањето на Повелбата на Обединетите нации, Гутереш кажа дека на светот му треба „ефикасен  мултилатерализам, што може да функционира како инструмент на глобалното управување, таму каде што е потребно“.

– Тешко е да се има смислена трансформација на механизмите за глобално управување без активно учество на светските сили и, јас ќе бидам искрен, нивните односи никогаш не биле толку дисфункционални како што се денеска, изјави Гутереш на прес-конференција во ОН, мислејќи пред сѐ на американско-руските и американско-кинеските односи во тој контекст.

Генералниот секретар на ОН посочи на неодамнешните „тешкотии“ или поделби со кои се соочи Советот за безбедност.

Одговорот на Советот за безбедност на ОН на пандемијата е парализиран од конфликтот меѓу Вашингтон и Пекинг.

Гутереш кажа дека се надева дека самитот на петте постојани членки на Советот за безбедност – Обединетото Кралство, Кина, Франција, Русија и САД – ќе се одржи пред септември.

Тој, исто така, кажа и дека се надева оти пандемијата ќе биде „повик за будење“ за државите да ја разберат потребата за единство и реформи.

Повелбата на Обединетите нации беше потпишана на 26 јуни 1945 година во Сан Франциско и стапи во сила во октомври истата година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе