Huawei изработи апликација со која се отклучува и стартува автомобил

Се разбира, пред сѐ неопходно е вашиот автомобил да ја поддржува опцијата за отклучување и стартување со мобилен телефон.

Ако ги заборавивте клучевите од автомобилот дома, нема потреба да се грижите, бидејќи Huawei ја патентираше апликацијата Digital Car Key.

Овој изум овозможува да го отклучите и стартувате возилото користејќи мобилен телефон, а сѐ што е потребно е да ја преземете апликацијата и автомобилот да ја поддржува опцијата за виртуелен клуч.

Digital Car Key е само една од многуте апликации што Huawei ја направи со R&D центарот од Финска, со кој соработува веќе една деценија.

За да се користи овој дигитален клуч за автомобил се користи NFC чип, кој веќе го имаат повеќето телефони на Huawei, па затоа е потребно само корисникот да има соодветна апликација за такво нешто.

Исто така, услугата за виртуелен клуч ќе биде достапна само за корисниците на уредите Huawei со EMUI 9 и понов софтвер, со цел да се запазат сите потребни безбедносни процедури и да се користат стандарди кои можноста за измама или хакирање ја сведуваат до ниво на теорија. Виртуелниот клуч е единствен за секое возило, се креира со помош на апликација од производителот на автомобилот и овластување на Huawei уред, а се чува директно во чипот на уредот, каде што е шифриран и заштитен од копирање (без два чекори за авторизација).

Виртуелниот клуч може да се сподели со членовите на семејството и пријателите, кога корисникот го сака тоа пратејќи точно дефинирана постапка, така што автомобилот може да се отклучи од далечина, па дури и да се стартува моторот.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе