Во училишта во Скопје утринава повторно има дојави за поставени експлозивни направи.
На електронските адреси на 31 училиште во Скопје утринава е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.
Дојави за бомби во изминатите денови имаше во повеќето основни и средни училишта во Скопје. По предлог на Министерството за образование и наука, во оние училишта каде има дојави за бомби треба да се спроведува онлајн настава.