И Индија ќе го менува меѓународното име?

Филип Здравески
/ 05.09.2023 / 13:24

Следејќи го примерот на Турција, индиските медиуми пренесуваат дека наскоро можно е Индија да побара од ОН да биде заведена како Барат, нејзиното изворно име.

Дали на повидок е нова меѓународна промена на име на една држава? Откако Турција на англиски јазик од Turkey стана Türkiye, како што ѝ е името на турскиот јазик, сега веројатно и Индија ќе побара такво нешто.

Оригиналното име на Индија не е воопшто слично со англиското име, кое се користи во Обединетите нации, како и на многу други јазици, вклучувајќи го и македонскиот.

На социјалните мрежи се шири фотографија од официјалната покана на шефовите на држави и министри на Г20 на вечера организирана од индискиот претседател Друпади Мурму.

На поканата, напишана на англиски јазик, стои дека ја упатува „претседателот на Барат“, а не претседателот на Индија. Претходно на ваквите покани секогаш стоело Индија.

URL

На јазикот хинди, кој е официјален јазик на Индија покрај англискиот, земјата се нарекува भारत, што транскрибирано на латиница е Bhārat, а изговорот е Барат. Зборот Индија потекнува од латинскиот India, старогрчкиот Ἰνδός (Индос) и староперсискиот Hindush, кои се однесуваат на долината на реката Инд, која денес дури не се ни наоѓа во државата Индија туку во соседниот Пакистан (освен делот во спорниот регион Кашмир).

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе