И Македонец меѓу жртвите на нападот во Виена

Меѓу жртвите во терористичкиот напад во центарот на Виена, што се случи во понеделникот вечерта, се и двајца странски државјани – Македонец и Германка, информира австриската полиција.

Според полицијата, жртвите на нападот се 39-годишен Австриец, 44-годишна Австријка, 21-годишен Македонец и 24-годишен Германец.

Македонецот бил случаен минувач, кој е убиен додека се движел по улиците на Бермудскиот Триаголник, дел од центарот на Виена познат по своите бројни кафулиња, пабови и барови.

Што се однесува до жртвите со австриско државјанство, 39-годишниот маж бил убиен пред ресторан за брза храна на Шведенплац, а 44-годишната жена во болница им подлегна на повредите здобиени при нападот.

Напаѓачот, идентификуван како Кујтим Фејзулаи, роден во Австрија, но по потекло од Северна Македонија, беше ликвидиран од полицијата, откако преходно на улиците во центарот на Виена уби четири лица и им нанесе повреди на уште 24 други, на возраст од 21 до 43 години. Од таа бројка, 13 се здобиле со повреди од куршуми, а остантите се повредени при бегството од напаѓачот.

Повеќето повредени се Австријци, но меѓу нив има и државјани на Германија, Словачка, Луксембург, Авганистан и Босна и Херцеговина. 

Австриската полиција уапси уште две лица поврзани со нападот

Уапсени се двајца мажи од Виена, а полицијата се обидува да утврди дали напаѓачот бил дел од некоја поширока мрежа. Тие се уапсени откако полицијата изврши претрес во нивните станови, а станува збор за момчиња на возраст помеѓу 20 и 25 години кои во Виена живеат со нивните роднини. Еден од нив е со потекло од нашата држава, а другиот е од Чеченија. И двајцата биле во контакт со напаѓачот.

Читајте следно: Тројца од напаѓачите во Виена имаат и македонско државјанство

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе