И натаму висок бројот на новозаразени, надлежните апелираат на почитување на мерките

Нови 173 потврдени со COVID-19 од 1.650 тестирања, од кои најголем дел 75 се од Скопје, беа регистрирани вчера во земјава. Починаа и досега најголем број пациенти, 15. Регистрирани се и 150 оздравени пациенти и од нив најголем дел, 105 од Скопје. Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита, да носат покривка на устата и носот, да држат растојание и често да мијат раце. Тоа, велат е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.

Наголем број од пациентите починале во болницата „8 Септември“ каде починале девет пациенти, од кои двајца на возраст од 54 години, а останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале три лица, на возраст 64, 73 и 80 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 и 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.625, бројката на оздравени пациенти е 2.748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.556.

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести најави дека денеска на состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји.

Комисијата за заразни болести, посочија оттаму, активно ја следи епидемиолошката состојба со коронавирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Македонија

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Read more

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Читај повеќе

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе