Ибра дојде да ги охрабри играчите на Милан по дебаклот од Интер

Сега веќе пензионираниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ се појави на тренингот на Милан по тешкиот пораз на Росонерите од Интер во градското дерби со резултат 5:1 и им даде поддршка на играчите пред почетокот на Лигата на шампионите.

Милан, иако не одигра така лош натпревар, доживеа целосен дебакл во дуелот против Интер и на крајот доживеа тежок пораз со резултат 5:1, а два дена по споменатата катастрофа, Златан Ибрахимовиќ се појави на тренинг на поранешниот тим.

Според медиумите во Италија, Ибрахимовиќ дошол да ги поддржи фудбалерите на Милан и да ги тренира пред да продолжи сезоната. Поразот од Интер, да напоменеме и дека е прв сезонава што го доживеаја фудбалерите на Милан.

URL

„Познато лице во Миланело (тренинг кампот на Милан)“, објави овој клуб на социјалните мрежи.

URL

Утре, поточно во вторник, на домашен терен во Лигата на шампионите Милан ќе ги одмери силите со Њукасл, а во следното коло во италијанската Серија А на домашен терен играат против Верона.

Во два „мандати“ во Милано, Ибрахимовиќ на 163 настапи во сите натпреварувања постигна 93 гола и забележа 35 асистенции.

41-годишниот Ибрахимовиќ ги закачи копачките на крајот на минатата година и емотивно се прости од навивачите на Милан на стадионот „Сан Сиро“ на последниот натпревар од сезоната против Хелас Верона.

Тој одигра клучна улога во тимот откако пристигна на слободен трансфер во јануари 2020 година, а во сезоната 2021/2022, во која Росонерите ја освоија титулата, постигна осум гола на 23 првенствени натпревари.                                                              

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе