Ибра пак ги провоцира Швеѓаните

Шведскиот фудбалер со балканско потекло Златан Ибрахимовиќ (39) на социјалните мрежи објави видео старо 20 години, во кое тогашниот соиграч од Малме, Хасе Матисон зборува за него.

Иако е тешко да се каже точно кога е направена снимката од соблекувалната, јасно е дека датира од периодот кога Ибрахимовиќ играше за првиот тим на шведскиот клуб помеѓу 1999 и 2001 година.

„Златан не е проблем, ама има арогантен став и мораме да го прифатиме тоа до одреден степен. Сепак, почна да разбира дека мора да биде дел од тимот. Тој сè уште не е ѕвезда, иако смета дека е. Тоа можам да го разберам, бидејќи медиумите и навивачите многу го величаат. Ако жонглира покрај корнер знаменцето, одеднаш е новиот Марадона. И ние, другите, знаеме како да жонглираме покрај корнер знаменцето“, вели Матисон во видеото.

Ибра во опис на објавеното видео напиша „Наспроти сите прогнози“, што според многумина е уште една провокација за Швеѓаните, но и еден вид мотивација за фудбалерот кој навистина надмина многу прогнози во врска со текот на неговата кариера.

Матисон помина десет години во Малме, но не направи некоја позначајна меѓународна кариера, исто како и другите соиграчи, додека Ибрахимовиќ стана еден од најдобрите напаѓачи во неговата ера што трае и понатаму.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе