Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Србија ги потврди пријателските натпревари кои репрезентација ќе ги одигра како дел од подготовките за ЕУРО 2024.
Генералната проба Србите ќе ја имаат на 8 јуни против против Шведска во Стокхолм. Овој дуел ќе има посебно значење бидејќи ќе биде и проштален меч на Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ својата богата кариера ја заврши на крајот од минатата сезона во Милано. Во последната сезона, поради повредите тој речиси и да не играше.
Тоа му беше втор мандат во редовите на Милан, а во кариера настапуваше и за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен-Жермен, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.
За Шведска популарниот Ибра одигра 122 натпревара и постигна 62 гола, а учествуваше на Мундијалите 2002 и 2006, како и на Европските првенства 2004, 2008, 2012 и 2016.
Пред овој натпревар Србија ќе ги одмери силите против Русија (21 март), Кипар (25 март) и Австрија (4 јуни). На ЕУРО 2024 „Орлите“ се во група со Англија, Данска и Словенија. Шведска не се квалификува.