Ибрахимовиќ сензационално станува тренер во Милан

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ само неколку месеци по завршувањето на играчката кариера би можело да стане тренер и да го преземе „жешкиот компир“ во своите раце.

Ибрахимовиќ летово ја заврши кариерата во „својот“ Милан, а сега би можел да ја преземе клупата на тој тим. Позицијата на Стефано Пиоли е под закана, особено по поразот во Бергамо од Аталанта минатиот викенд.

Статусот на Пиоли на клупата на „росонерите“ е под лупа во последните денови и медиумите во Италија пишуваат дека дуелот против Њукасл во Лигата на шампионите може да биде последен за искусниот стручњак кој му ја донесе титулата на Милан по 11 години чекање. Во случај на нов неуспех и неуспешна европска пролет, Пиоли треба да добие отказ.

Но La Repubblica доцна синоќа ја потресе Италија објавувајќи кој би можел да го наследи Пиоли. Станува збор за тандем од двајца легендарни фудбалери на Милан.

Бидејќи сè уште нема лиценца, Ибрахимовиќ не би можел самиот да ги води Росонерите. Затоа би го водел заедно со Игнацио Абате, долги години поранешниот капитен на Милан, кој денес ги тренира јуниорите на овој клуб и му оди фантастично добро.

Абате брилира со јуниорите на Милан во младинската Лига на шампиони, во италијанското првенство, а воедно го разви еден од најголемите таленти во светскиот фудбал Франческа Камарда (15). Затоа се очекува да добие шанса и да ги преземе сениорите на Милан, а според натписите на италијанските медиуми ова би го направил заедно со Ибрахимовиќ.

Абате и Ибрахимовиќ се познаваат долго време и имаа одлични односи додека играа заедно во Милан од 2010 година. Тие се блиски и надвор од теренот и се чини дека може да бидат адекватна комбинација за наследник на Пиоли на клупата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе