Идеално годишно време за свадба за секој хороскопски знак

За некои, хороскопот е само безопасна забава, но има многу кои ќе ги земат предвид астролошките совети кога донесуваат важни одлуки.

Една од тие одлуки е датумот за свадба. Повеќето луѓе избираат датум во нивниот омилен месец или годишно време.

Астрологот Амби Стејтам за списанието Brides открива дека во принцип е најдобро да се избере датум во периодот на владеењето на нашиот хороскопски знак. Тогаш вниманието на космосот е насочено кон вас и Сонцето го осветлува вашиот дел од Зодијакот, вели таа.

„Меѓутоа, ако тој период е исто така период на ретрограден Меркур, Венера или Марс, тогаш е подобро да се избегне правење свадба. Ние астролозите не советуваме венчавање во ретроградна фаза на тие три планети, бидејќи тоа се специфични фази кои имаат најнеповолно влијание врз бракот и свадбите“, објаснува Стејтам.

Проверете кое годишно време, во зависност од тоа во која група хороскопски знаци припаѓате, може да биде најдобро за вашата свадба.

ОГНЕНИ ЗНАЦИ

На огнените знаци им треба моќна, огнена енергија за време на венчавката, па летото е најдобро време за тоа.

Почетокот на летото, односно јуни, најмногу им одговара на Овните. Свадба на летната краткоденица, за време на најдолгиот ден во годината, би одговарала на тој динамичен знак.

Лавот има среќа затоа што може да ги комбинира летото и владеењето на Лавовите, и да избере датум за свадба во периодот од крајот на јули до крајот на август.

Ако не им одговара зимски термин за време на нивното владеење, Стрелците можат да го изберат кој било летен месец за свадба.

ВОЗДУШНИ ЗНАЦИ

Воздушните знаци се чини имаат најмногу простор да размислуваат за датуми, имајќи предвид дека според астролозите, можат да го изберат кое било време во годината.

Вагата е многу софистицирана и елегантна по природа, па раната есен се смета за еден од најдобрите периоди за поелегантни свадби, какви што ѝ прилегаат.

Нема правила за Водолијата во ништо, дури ни во изборот на датум за венчавка. Тие се непредвидливи и спонтани, а се чини дека универзумот знае дека е подобро да ги оставиме да работат самостојно.

Близнаците се толку самостојни и своеволни, што нема да следат ниту едно правило и препорака и ќе направат свадба кога тие ќе посакаат.

ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ

Пролетта и есента се идеални за земјените знаци, особено ако сакаат да бидат поврзани со природата и да прават свадба на отворено, што совршено би одговарало на нивниот карактер.

Биковите можат да изберат пролетен датум што е поблиску до нивните денови на раѓање. Есента се препорачува и за Јарците, и за Девиците, а за Јарците посебно идеална може да биде и свадба во доцна есен.

ВОДЕНИ ЗНАЦИ

Според астролозите, Скорпиите се создадени за зимска свадба. Како совршена опција за тој знак се препорачува мала приватна зимска свадба на зајдисонце, покрај езеро.

Зимски датум им се предлага и на Рибите, а летна свадба најмногу ќе им одговара на Раковите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе