Играч кој Мурињо го гледаше како ѕвезда се пензионираше на 26 години

Поранешниот фудбалер на Челси, 26-годишниот Ајзеа Браун, објави дека става крај на кариерата.

Браун речиси целата своја професионална кариера ја мина по позајмици, а за „Сините“ одигра само еден натпревар во Премиер лигата.

Додека беше во академијата на Челси, Браун беше именуван како идна голема ѕвезда од тогашниот менаџер Жозе Мурињо.

„Мојата совест ми вели дека ако тој, Луис Бејкер и Доминик Соланке за неколку години не бидат англиски репрезентативци, тогаш јас ќе бидам виновен“, изјави тогаш Мурињо.

Сега, на 26-годишна возраст, Браун се збогува со својата играчка кариера.

„Не знам од каде да почнам. Иако отсекогаш мислев дека ќе треба да го напишам ова еден ден, никогаш не очекував тој ден да дојде толку брзо. По една година мачење и две операции на Ахиловата тетива, со голема тага и тешко срце морам да му кажам збогум на професионалниот фудбал“, напиша Браун во прошталната порака објавен на Twitter.

Како спомен на Браун му останува дебито и единствениот натпревар што го одигра за Челси како 17-годишник, против Вест Бромвич Албион на крајот од сезоната 2013/14.

Популарниот Изи кариерата како дете ја почна во Лестер, па преку Вест Бромвич во 2013 година дојде во Челси. „Сините“ го пратија на вкупно 7 позајмици и тоа во Витесе, Ротерам Јунајтед, Хадерсфилд Таун, Брајтон & Хоун Албион, Лидс Јунајтед, Лутон Таун и Шефилд Веднсдеј. Минатата сезона направи трансфер во Престон Норт Енд каде поради повредите воопшто не заигра.

Со репрезентацијата на Англија стана европски шанпион на ЕУРО 2014 за играчи до 17 години.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе