ИЈЗ: Минатата недела за 8,9 отсто помалку заразени со коронавирус

Скопје, 24 ноември 2021 (МИА) – Намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени со коронавирус минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со COVID-19 во земјава.

Од 15 до 21 ноември од COVID-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември.

Минатата недела се тестирани се 19.791 лица, за 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (23,3%). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6%).

Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0-9 години (+2,0%). Најзабележително е намалувањето кај возрасната група на лица над 60 години (-13,7%)

Според полот, 54,3 отсто од заболените се женски, а 45,7 машки лица.

Кај сите секвенционирани примероци е докажана делта варијантата, како и присуство на различни нејзини сублинии. Сублинијата позната како делта плус не е детектирана кај ниту еден од секвенционираните примероци.

Пријавени се 91 смртен случај, најмногу од возрасната група над 60 години (89%).

Активни на COVID-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата недела се евидентирани и 2.855 оздравени лица.

ИЈЗ регистрирал и 49 реинфекции. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212.375 лица.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе