Илинден Тирана до албанскиот парламент достави барање за формирање нови општини Голо Брдо и Гора

Македонското друштво „Илинден“ -Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора.

Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба, а барањето е врз основа на Законот за заштита на националните малцинства во Албанија.

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, во образложението на барањето се наведени „основани причини за ова легитимно барање на Македонците од двете области“.

– По територијалната поделба во Република Албанија што се случи во 2014 година, областите Голо Брдо и Гора, каде живее македонско население останаа неразвиени. Исто така Македонците не се застапени во локалната власт. Во 2014 година, владата ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево, во областа Голо Брдо, и ги припои, првите две во Општина Булќиза, а Општина Стеблево во Општина Либражд. Општините Шиштавец и Запот во областа Гора, пак, по укинувањето се припоени кон Општина Кукс, стои во образложението, информираше Ѓурѓај за МИА.

Наведуваме, додава тој, дека со формирање на областите во две општини ќе се придонесе во зачувувањето на македонскиот идентитет и побрз економски развој.

– Со формирањето на општините Голо Брдо и Гора ќе се заштити етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство на овие простори. Воедно ќе ја зајакне економијата на жителите и ќе овозможи развој на областите, кои се најнеразвиени во државата, посочува тој.

Исто така, нагласува тој, ја информираме претседателката на парламентот, дека и со резолуциите, предложени од друштвото, а изгласани од Федералната унија на европските националности (ФУЕН), се поддржува формирање на споменатите две општини.

– Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и Собранието на Република Албанија, чиј прв човек сте, преку овој допис, бараме Специјалната комисија за територијална административна реформа во Република Албанија да го поддржи формирањето на општина Голо Брдо и Гора, стои во барањето.

Се наведува дека Македонското друштво „Илинден“ - Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во регистарот на Судскиот округ Тирана чија мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Република Албанија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе