Сопственикот на Twitter Илон Маск изјави дека управувањето со оваа социјална мрежа е „прилично болно“ и „турбулентно“ и дека ќе ја продаде компанијата доколку наиде вистинската личност, пренесува BBC.
Маск, кој сè уште е на чело на автомобилскиот производител Tesla и ракетната компанија SpaceX, го купи Twitter за 44 милијарди долари во октомври, а неговото лично богатство се проценува на речиси 190 милијарди долари, што го прави втор најбогат човек, според листата на милијардери на Forbes.
Во интервју за BBC, кое привлече повеќе од три милиони следбеници, на прашањето дали се кае што го купил Twitter, тој рече дека „нивото на болка е исклучително високo“ и дека „ова не е некаква забава“.
Зборувајќи за неговото време на чело на Twitter досега, Маск рече: „Не беше досадно. Беше прилично возбудливо“.
Тој додаде дека тоа е „навистина стресна ситуација во последните неколку месеци“, но нагласи дека уште верува дека купувањето на компанијата е вистинската работа.
Маск најави дека поради обемот на работа „понекогаш спие во канцеларија“, и дека има свое место на каучот во библиотеката „каде што никој не оди“.
На прашањето од новинарите за одлуката да се додаде ознака на Twitter профилот на BBC во која се опишува како „медиум финансиран од владата“, Маск рече дека знае дека „BBC генерално не е среќен што е класифициран како државни медиуми“.
Twitter прво ја додаде ознаката „Медиуми поврзани со државата“ на главниот профил на BBC на 4 април, пред да ја промени во „Медиуми финансирани од Владата“ во саботата.
Тој зборуваше и за финансиите на компанијата и најави дека „повеќето нејзини огласувачи се вратиле“.
Маск исто така рече дека сега не било лесно да се намали бројот на вработени од нешто помалку од 8.000 кога го купил Twitter, на околу 1.500.