Илон Маск ја исмеа загубата на претплатници на Netflix

Илон Маск ја исмеа загубата на претплатници на Netflix во првиот квартал од 2022 година, тврдејќи дека „вирусот на освестен ум“ ја прави стриминг платформата „негледлива“ - алудирајќи на фактот дека содржината е направена со голема претпазливост за никој да не се навреди.

Netflix во вторникот објави дека изгубил 200.000 претплатници, што е првпат во изминатите 10 години. По веста, акциите на Netflix паднаа на најниско ниво во последните четири години.

Иако Маск не објасни детално зошто содржините на Netflix придонесуваат за „вирусот на освестен ум“ кој го убива стриминг гигантот, тој се согласи со еден следбеник кој тврди дека „вирусот на освестен ум е најголемата закана за цивилизацијата“.

URL

Во контекст на ставовите и однесувањата, терминот „освестен ум“ (woke mind) значи да се биде свесен и активно да се едуцира за важни факти и прашања. Netflix често во своите содржини поддржува разни општествено маргинализирани групи, како ЛГБТИ+ заедницата, и со тоа приодонесува кон разбивање на митовите и задушување на стигматизацијата и дискриминирањето.

Извршниот директор на Netflix, Рид Хејстингс, ја обвини „огромната конкуренција“ (алудирајќи на подемот на ривалските платформи за стриминг како што се Disney+ и HBO Max), како и споделувањето лозинки за губење на претплатниците.

Стриминг гигантот проценува дека повеќе од 100 милиони домаќинства ја користат услугата бесплатно користејќи заедничка лозинка.

Додека Маск ја искористи приликата да го исмее Netflix за губењето на претплатници, тој всушност има работен однос со платформата.

Документарната серија на Netflix насловена „Countdown: Inspiration4 Mission to Space“ се фокусира на мисијата на Маск SpaceX Inspiration4, додека документарниот филм „Return to Space“ е за авиокомпанијата на Маск SpaceX.

Како човек кој гледа кон иднината, Маск можеби ќе сака да се обиде и самиот да стане „поосвестен“ за реалноста на денешното општество.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Read more
 

Сцена

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе

Дечкото на Хали Бери објави фотка од актерката целосно гола: Совршена од секој агол

Читај повеќе