Илон Маск претстави четбот со вештачка интелигенција кој „сака сарказам“

Првиот човек на социјалната мрежа X, Илон Маск, претстави нов четбот со вештачка интелигенција наречен Grok, кој засега е достапен само за избрани корисници.

„Во некои важни аспекти, четботот е најдобар во моментов“, рече Маск пред лансирањето на Grok. Тој додаде дека овој чет-бот со вештачка интелигенција „сака сарказам“ и ќе одговара на прашања со „допир на хумор“.

Сепак, се чини дека Grok исто така страда од истите проблеми што ги имаат и другите алатки за вештачка интелигенција.

Други модели одбиваат да одговорат на некои прашања како што се совети за криминал, но Маск рече дека Grok ќе одговори на „незгодните прашања што повеќето системи за вештачка интелигенција ги избегнуваат“.

За време на демонстрацијата на новата алатка, од Grok побарале инструкции за правење кокаин. Тој одговори „само миг додека го најдам рецептот... затоа што дефинитивно ќе ти помогнам со тоа“, а потоа наведе генерализирани, некорисни информации во комбинација со саркастични предлози пред да предупреди да не продолжиш со оваа идеја.

Кога станува збор за судењето на криптопретприемачот Сем Бенкман-Фрид, Grok одговараше со весел тон, но погрешно сугерираше дека на поротата ѝ биле потребни осум часа за да донесе пресуда, која всушност била донесена за помалку од пет часа.

Генеративните алатки за вештачка интелигенција како Grok се критикувани за елементарни грешки додека звучат доста убедливо во нивниот стил на пишување.

Тимот зад четботот Grok xAI беше формиран во јули и е составен од талентирани луѓе од други истражувачки фирми за вештачка интелигенција. Тие сега се дел од посебна компанија, која сепак е тесно поврзана со другите компании на Маск како X и Tesla.

Маск на почетокот на годинава изјави дека сака неговиот четбот со вештачка интелигенција „да ја бара вистината колку што е можно повеќе и да се обиде да ја разбере природата на универзумот“. Тој истакна дека Grok ја има предноста во користењето пристап до ажурирани информации од платформата Х, што го разликува од првичните верзии на неговите ривали.

Grok моментално е во тест, односно во бета формат, но малку подоцна ќе стане достапен за X претплатници. Ќе биде интегриран во апликацијата X, но ќе биде достапен и како посебна апликација.

Remote video URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Интернет

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе