Индија лансираше сателит за проучување на црните дупки

Индиската вселенска агенција ИСРО лансираше сателит и започна мисија за проучување на црните дупки и астрономските објекти.

Лансирањето се случи од космодромот „Срихарикота“ во понеделникот и тоа е само втора мисија во светот од ваков карактер, откако американската вселенска агенција НАСА ја лансираше својата мисија во 2021 година. ИСРО сака да им помогне на научниците да го унапредат своето знаење за црните дупки.

„Пред нас е возбудливо време“, рече портпаролот на ИСРО по лансирањето.

Црната дупка е простор каде што материјата се распаднала сама по себе, а гравитациската привлечност е толку силна што ништо, па ни светлината, не може да „избега“. Црните дупки се создаваат со експлозивното исчезнување на одредени големи ѕвезди, а некои се навистина огромни. Тие се милијарди пати поголеми од масата на нашето Сонце.

Полариметарскиот сателит на Х-зраци на ИСРО, или скратено XpoSat, има за цел да спроведе детално проучување на црните дупки. Нејзиното производство чинеше околу 30 милиони долари, додека животниот век е 5 години.

Лансирањето следи по една исклучително успешна година за ИСРО. Во август, агенцијата успешно го приземји вселенското летало Chandrayaan-3 во близина на јужниот пол на Месечината, регион до кој друга мисија никогаш не стигнала. Неколку дена подоцна, мисијата Aditya-L1 беше лансирана за проучување на Сонцето.

Најновото лансирање е само еден од неколкуте проекти што ИСРО ги планира за оваа година.

„2024 година ќе биде година на подготовка за Gaganyaan“, додаде портпаролот, осврнувајќи се на проектот, чија цел е да испрати тројца астронаути во ниската орбита на Земјата и да ги врати по три дена.

ИСРО го спроведе првиот од серијата пробни летови за оваа мисија во октомври 2023 година, а планот е да има сè подготвено за испраќање на екипажот во орбитата до 2025 година.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе