Иниеста: Убаво би било јас и Чави да ја предводиме Барса, но тоа е комплицирано

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Андрес Иниеста потврди дека постојат мали шанси да му се приклучи на Чави Ернандес во стручниот штаб на Барселона, објави весникот Marca.

Иниеста и Чави беа клупски колеги во Барселона. Чави сега е тренер на каталонскиот клуб, а Иниеста настапува за јапонски Висел Кобе.

„Мислам дека тоа е многу тешко. Луѓето замислуваат многу работи, бидејќи со години нè гледаа како играме заедно. Би било навистина убаво и добро, но такво нешто е многу сложено. Тој е тренер, а јас сум сè уште активен фудбалер. Тоа е тешко да се спои. Важно е Чави да ја врши својата работа и да ја врати Барселона таму каде заслужува да биде“, рече Иниеста, кој за време на Светското првенство во Катар го посети тренинг кампот на Барселона.

„Уверен сум дека Барселона оваа сезона може да ја освои титулата. Испаднаа од Лигата на шампионите и тоа беше тежок удар за сите, но останаа во сите други натпреварувања. Во Ла Лига стојат добро, преостануваат уште многу натпревари, но уверен сум дека ќе ја освојат титулата“, додаде Иниеста.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Фудбал

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Read more

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Read more

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Read more

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Читај повеќе

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе

Спортистите во Олимпиското село останаа без кондоми

Читај повеќе

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Обожавателите се возбудени: Мекгрегор сериозно тренира, чека покана за настанот во Белата куќа

Читај повеќе