InSight Mars го испрати последното селфи од Црвената планета

Мисијата InSight Mars на американската вселенска агенција НАСА е при крај.

На почетокот на овој месец, НАСА објави дека прашина ги покрила соларните панели на лендерот InSight Mars и дека наскоро ќе мора да ги прекине своите научни операции.

InSight пристигна на Марс во ноември 2018 година за да ја проучува сеизмичката активност на Црвената планета, а сега го испрати последното селфи, заедно со фотографија што ја направил на десеттиот ден од неговата мисија.

URL

По повеќе од три години мисија, НАСА очекува лендерот да престане со работа до декември бидејќи повеќе не може да генерира доволно енергија преку своите соларни панели. Овие соларни панели првично генерираа 5.000 Wh енергија секој ден, а сега само 500 Wh.

URL

Претходните мисии на НАСА беа потпомогнати од ветрови кои ја отстрануваа прашината од панелите на роверот Spirit и Opportunity, и тие можеа да работат подолго. Но, тоа не се случи со InSight, чии панели продолжуваат да собираат прашина и како резултат на тоа постепено го губат капацитетот за собирање сончева енергија.

„Доколку само 25 проценти од прашината се отстрани од соларните панели на InSight со ветер, лендерот би генерирал околу 1.000 Wh енергија, што би било доволно за да продолжи со работа. Меѓутоа, со оглед на сегашните загуби на енергија, несеизмичките инструменти на InSight ретко ќе се вклучуваат по мај“, соопшти НАСА.

URL

Роботската рака на лендерот се користеше во минатото за отстранување на прашина, но прашината се акумулира премногу брзо за роботската рака да врши чистење без употреба на витална енергија.

Сепак, InSight ги надмина очекувањата и преживеа повеќе од две години надвор од очекуваниот рок и собра голема количина на податоци, така што неговата мисија е огромен успех. Тој им помогна на научниците да утврдат дека јадрото на Марс е многу помало отколку што претходно се веруваше.

URL

Сеизмичките инструменти им помогнаа на научниците подобро да ја разберат внатрешната структура на Марс, а на 4 мај беше регистриран најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени. За време на мисијата беа забележани повеќе од 1.300 земјотреси на Марс.

Роботската рака повеќе нема да се користи за заштеда на енергија за сеизмометарот. Пред да се исклучи, лендерот го направи последното селфи на Црвената планета на кое се гледа прашина на соларните панели.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе