Инѕаги нема да добие откиз, но добил ултиматум

Симоне Инѕаги бил на состанок со раководството на Интер долго во ноќта по мизерниот пораз на неговиот тим од Монца, каде наводно му бил даден ултиматум.

„Нераѕурите“ немаа добра вечер на „Меаца“ во саботата навечер, губејќи во тешкиот пораз од Монца со 1:0 благодарение на голот на Лука Калдирола во 78. минута. Поразот беше четврти за Интер во нивните последни пет натпревари во Серија А, оставајќи ги во тешка ситуација бидејќи трката за пласман во Лигата на шампионите продолжува да се вжештува.

Притисокот продолжува да се зголемува врз Инѕаги, помогнат само со победата на Интер во првиот четвртфинален натпревар над Бенфика во Лигата на шампионите. „Нераѕурите“ сѐ уште се во конкуренција и во Копа Италија, ремизирајќи со Јувентус 1:1 во првиот полуфинален натпревар.

Calciomercato детализира како голем број од директорите на Интер имале долга средба со Инѕаги по поразот од Монца, при што биле присутни членови на управата како Стивен Чан, Бепе Марота, Пјеро Аузилио, Дарио Бачин и Алесандро Антонело.

Се разговарало за поразот од Монца и ситуацијата на тимот, како и за клучниот дуел од Лигата на шампионите со Бенфика. Инѕаги го напушти „Меаца“ дури по полноќ, а половина час подоцна го следеле претседателот Чан и другите директори.

Планот е да се продолжи со Инѕаги и покрај фрустрациите на навивачите, но неговата иднина е јасно поврзана со реваншот против Бенфика и обезбедување пласман во првите четири во Серија А, ултиматум што Интер јасно го ставил на маса.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе