iPhone 14 Pro „растури“ на тестот за квалитет на камерата

Добро познатиот сајт DxOMark го тестираше квалитетот на камерата на iPhone 14 Pro, а најновиот телефон на Apple постигна завиден резултат.

На почетокот на септември Apple ја претстави својата нова серија на iPhone уреди. За жал, iPhone 14 не донесе речиси ништо ново, но тоа не е случај со моделите iPhone 14 Pro. Покрај отстранувањето на засекот, воведувањето на системот Dynamic Island и новиот чипсет А16, еден од најголемите новитети е всушност подобрениот хардвер на камерата, бидејќи компанијата го зголеми бројот на мегапиксели за првпат по моделот iPhone 6S - од 12 до 48.

Како што обично се случува по лансирањето на новите уреди, целиот свет чекаше прегледи за овие паметни телефони, но оние кои беа заинтересирани за квалитетот на камерата знаеја дека треба да ги чекаат DxOMark, лабораторијата за проценка на квалитетот која ги обезбедува резултатите од научните тестови на леќи и фотоапарати веќе 15 години.

На нивниот тест неодамна учествуваше и iPhone 14 Pro, а камерите на овој уред импресионираа, постигнувајќи вкупен резултат од 146 поени, што е втор најдобар резултат на глобалната листа на паметни телефони. Првото место, со вкупен резултат од 147 поени, го држи Honor Magic4 Ultimate.

Иако iPhone 14 Pro не успеа да ја добие титулата за телефон со најдобра камера, се најде на првото место кога станува збор за видеоперформансите и селфи камерата.

Remote video URL

Како што наведуваат на веб-страницата DxOMark, фотографиите со предната камера обезбедуваат одличен динамички опсег, експозиција, како и ефектот bokeh. Полни се со детали, а тоновите на кожата се прецизни - освен во најсложените услови.

Кога станува збор за квалитетот на видеоснимките, новиот iPhone, како и неговиот претходник, продолжува да доминира на ова поле. Покрај квалитетот на сликата, DxOMark ја пофали и стабилизацијата, додавајќи дека и автофокусот е сигурен и прецизен.

Иако постигна одличен резултат, iPhone 14 Pro, исто како и iPhone 14 Pro Max, немаше беспрекорно лансирање, но корисниците масовно известуваа дека имаат проблем со тресење и зуење на камерата. За среќа, Apple брзо реагираше и го реши овој проблем со ажурирањето на iOS 16.0.2.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Мобилни

Конечно скокна продажбата на телефони

Read more

Vivo ја претстави серијата мобилни телефони X100

Read more

Корисниците на iPhone ќе имаат дополнителна бесплатна година на сателитската функција Emergency SOS

Read more

iPhone 16 ќе има дополнително копче – која ќе му биде функцијата?

Read more
 

Гик

Google в петок ги брише сите стари кориснички сметки

Читај повеќе

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Читај повеќе

Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина гради подводен дата центар со моќност од шест милиони компјутери

Читај повеќе

Не биле дивјаци, туку како нас: 5 откритија што го објаснуваат животот на неандерталците

Читај повеќе

Новогодишна понуда на Телеком за вистинско поврзување

Читај повеќе

Историчарите спорат: Еден римски цар бил трансродово лице

Читај повеќе

Заштитете го вашиот профил на Gmail да не останете без него по 1 декември

Читај повеќе

Конечно скокна продажбата на телефони

Читај повеќе