Иран претстави ракета со дострел од над 1.000 километри

Техеран, 20 август 2020 (МИА) – Иран денеска претстави балистичка ракета земја-земја, како и нова крстосувачка ракета, игнорирајќи ги барањата на САД да ја запре програмата за развој на ракета.

Балистичката ракета земја-земја, именувана по убиениот ирански генерал Касим Сулејмани, има опсег од 1.400 километри, додека крстосувачката ракета, именувана по убиениот ирачки командант Абу Махди има опсег од над 1.000 километри, рече иранската министерка за одбрана Амира Катами за време на телевизиското обраќање. .

Фотографиите од ракетите беа објавени и на државната телевизија.

Иран ги презентираше ракетите во момент кога САД се обидуваат да го продолжат ембаргото на ООН за извоз на оружје во Иран, кое, според договорот меѓу Техеран и светските сили од 2015 година, ќе истече во октомври годинава.

– Ракетите, особено крстосувачките ракети, се многу важни за нас. Фактот што го зголемивме опсегот од 300 на 1.000 километри за помалку од две години е огромно достигнување, рече иранскиот претседател Хасан Рохани, додавајќи дека воената моќ и ракетните програми на Иран се од одбранбена природа. 

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе