Осмомартовски референдум

Ирска ќе гласа дали „местото на жената е во домот“

Утре, на Денот на жената 8 Март, во Ирска ќе се одржи референдум со цел да се избрише клаузулата во уставот која вели „местото на жената е во домот“.

По неколку години притисок, владата се согласи да одржи два референдума: за контроверзните женски должности и за проширување на уставната дефиниција на семејството од брак до долгорочно партнерство/врска.

Членот 41.2 од ирскиот устав, кој датира од 1937 година, гласи: „Државата признава дека домаќинката ѝ дава поддршка на државата без која не може да се постигне општото добро. Според тоа, државата ќе настојува да обезбеди мајките да немаат да работат поради економска потреба, при што би ги занемариле своите обврски дома“.

„Тоа е сексистичко и застарено“

Од власта велат дека ваквата формулација во уставот е сексистичка и застарена и треба да се отстрани.

Предлага да се замени со следниов текст: „Државата признава дека грижата за членовите на семејството обезбедува поддршка за општеството, без која не може да се постигне општото добро, и ќе настојува да ја поддржи таквата активност“.

Националниот совет на жени, кој води кампања за промена на уставот, наведува дека „сексистичкиот, стереотипниот јазик нема место во уставот и дека тој претставува време кога жените биле третирани како граѓани од втор ред“.

Оние кои се против промената сметаат дека Уставот не тврди дека жената има место во домот, туку нуди признание за домашните работи.

„Уставот вели дека работата што ја вршат жените дома е фантастична“, изјави за Sky News адвокатката Бренда Пауер, членка на групата Lawyers For No.

„Ниту една жена не треба да биде принудена да работи надвор од домот ако повеќе сака да остане дома со децата. Минатата недела беше спроведена анкета во која 70% од жените кои моментално работат надвор од домот рекоа дека би останале дома доколку имаат опција“, додаде таа.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе