Исламски џихад објави снимка од заложници во Газа: Хана и Јаков молат да бидат ослободени

Макфакс
/ 10.11.2023 / 09:26

Палестинскиот исламски џихад објави видео од двајца израелски заложници што ги држи во Газа, 77-годишна жена и 13-годишно момче, велејќи дека е подготвен да ги ослободи „доколку се исполнат безбедносните услови“. Терористичката група објави дека е подготвена да ги ослободи Хана Кацир и Јагил Јааков од „хуманитарни причини“.

„Подготвени сме да ги ослободиме од хуманитарни причини кога ќе се исполнат безбедносните услови на теренот“, рече портпаролот на военото крило на Исламски џихад, познат по неговото име Абу Хамза. Таа организација во Појасот Газа ги здружи силите со Хамас во борбата против Израел. Израелската војска го осуди објавувањето на видеото како „психолошки тероризам од најлош вид“.

Хамза потврди дека неговата вооружена група, заедно со Хамас, започнала напад врз Израел на 7 октомври, кога исламистичките командоси во еден ден убија 1.400 Израелци, речиси сите цивили, а киднапираа 240 заложници. Меѓу киднапираните има и странски државјани и лица со двојно државјанство. Хамас призна дека држи околу 200 заложници.

Исламски џихад објави дека држи и други заложници, но не го прецизираше бројот. Во видеото, и момчето и 77-годишната жена изразија желба да бидат ослободени што е можно поскоро за да се обединат со своите семејства и го осудија начинот на кој премиерот Бенјамин Нетанјаху се справува со оваа криза.

URL

Хамза понатаму наведува дека здравјето на 77-годишната жена е загрозено бидејќи повеќе не можат да се грижат за неа поради недостиг на струја и гориво. За момчето рекоа дека се подготвени да го ослободат поради хуманитарни причини и неговата возраст, иако, како што тврдат, затворите на окупаторот се преполни со палестински деца. Јагил Јааков и Хана Кацир биле киднапирани од кибуцот Нир Оз.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе