Исланд во очекување на вулканска ерупција: Ноќеска имало над 300 земјотреси, градот Гриндавик тоне

Макфакс
/ 19.11.2023 / 12:14

Жителите на југозападниот дел на Исланд со напнатост очекуваат можна вулканска ерупција. Дури и ако нема ерупција на магма, веројатно ќе поминат месеци пред евакуираните од опасната зона да се вратат дома.

Рибарскиот град Гриндавик (3.400 жители) беше евакуиран пред една недела затоа што огромно количество магма татнеше под земја, предизвикувајќи илјадници земјотреси. Сеизмичката активност веќе го оштети градот, оставајќи зад себе голема пукнатина што минува низ Гриндавик.

Исландската метеоролошка служба наведува дека ерупцијата најверојатно ќе се случи некаде покрај тунелот со магма долг 15 километри, а „главна локација“ е областа северно од Гриндавик, во близина на планината Хагафел.

Имено, под полуостровот Рејкјанес е формиран долг тунел од магма, кој се протега под Гриндавик, а потоа југозападно до морето. Експертите проценуваат дека магмата е околу 800 метри под површината, пишува The Guardian.

Западниот дел на Гриндавик од минатиот петок потонал за повеќе од 1 метар и продолжува да тоне со брзина од околу 4 сантиметри дневно. Доколку дојде до ерупција, може да дојде до значителна штета на локалната инфраструктура и ослободување на отровни испарувања. Блиското геотермално одморалиште Сина лагуна, една од најдобрите туристички атракции на Исланд, е затворено барем до крајот на ноември поради закана од ерупција.

Исланѓаните се навикнати на вулканска активност бидејќи живеат над Средноатлантскиот гребен. Евроазиската и северноамериканската плоча се оддалечуваат една од друга, по неколку сантиметри секоја година. Но, таква ситуација, односно евакуација на целиот град, немало во последните 50 години.

Remote video URL

Жителите можеби ќе треба да чекаат со недели пред да биде безбедно да се вратат. Надлежните им дозволиле 5 минути да се вратат дома, да земат скапоцености и домашни миленици.

„Не очекуваме експлозивна ерупција, иако тоа не е нужно добра работа. Ерупција со низок интензитет може да значи излевање на лава од низа пукнатини со недели и недели. Исланд се бори со пристигнувањето на лавата на различни начини, но природата секогаш победува ако ерупцијата трае доволно долго“, рече Метју Робертс од ММО.

„Очекуваме вулкански ерупции долж целиот полуостров, а не само на едно место. Оваа нестабилност може да трае со децении“, додаде тој. Утрово полуостровот Рејкјанес го погоди земјотрес со јачина од 3,7 степени. Од полноќ, северно од Гриндавик се регистрирани 370 помали земјотреси.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе