Историска трансплантација: Човек доби срце на генетски модифицирана свиња

Лекари од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд во петокот за првпат во историјата трансплантирале срце на генетски модифицирана свиња на човек.

Ова е прва успешна трансплантација на свинско срце на човечко суштество. Пациентот Дејвид Бенет (57) од Мериленд утрово бил стабилен.

„Срцето има пулс, создава притисок, тоа е негово срце“, рече д-р Бартли Грифит, кој ја водеше операцијата.

„Срцето функционира и изгледа нормално. Воодушевени сме, но не знаеме што нѐ чека подоцна. Никој досега не направил вакво нешто“, додаде тој.

Критични 48 часа

На светот хронично му недостасуваат некои клучни органи за трансплантација. Минатата година, околу 3.817 Американци имале трансплантација на срце, повеќе од кога било досега. Но, побарувачката е сè уште поголема отколку што има органи за донација. Секој ден во САД умираат десетина луѓе чекајќи замена на органи.

Д-р Дејвид Класен, главен медицински директор на Мрежата за донирање органи, рече дека операцијата е голем чекор напред во процесот на трансплантација. Но, тој додаде дека ќе помине извесно време пред да може да се примени таква процедура низ светот, истакнувајќи дека отфрлање на органот може да се случи дури и кога ќе се пресади компатибилен орган од човечки донор.

Сѐ уште не е познато каква иднина го чека Бенет. Засега е поврзан со апаратот што го одржувал во живот пред операцијата, но тоа не е невообичаено за нов примател на срце. Медицинскиот персонал внимателно следи дали има знаци дека неговото тело го отфрла новиот орган, а првите 48 часа, кои се критични, поминале без инциденти, пишува The New York Times.

„Можев да бирам помеѓу смрт и оваа трансплантација. И сакам да живеам. Знам дека е малку веројатно дека сè ќе оди добро, но тоа беше мојот единствен избор“, изјави Бенет пред операцијата.

Генетски модифицирана свиња

Бенет добил срце од генетски модифицирана свиња која претрпела 10 модификации. Научниците деактивираа 4 гени, вклучително и оној кој шифрира молекула која предизвикува отфрлање на органите.

Тие, исто така, го деактивираа генот за раст за да спречат срцето на свињата да продолжи да расте по трансплантацијата.

Експертите вметнале и шест човечки гени во геномот на свињата за да му го олеснат имунолошкиот систем на Бенет да го прифати органот на свињата.

Кога Бенет првпат му кажал на синот Дејвид Бенет за трансплантацијата, тој бил збунет.

„На почетокот не му верував. Беше во болница месец дена или повеќе и мислев дека можеби има халуцинации. Мислев дека такво нешто воопшто не е можно“, изјави Дејвид.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе