Истрагата во ЈСП е во тек, над 120 автобуси се проверени и пуштени во функција

По добиената закана за поставена бомба во автобус ЈСП „Скопје“, проверени се над 120 автобуси во кои нема ништо и тие се пуштени да функционираат, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде е истрагата во врска со дојавата за поставена бомба во градски автобус, Спасовски изјави дека очекува во текот на денот истрагата да биде завршена целосно и во ЈСП „Скопје“ и во превозните средства, со цел, како што рече, да бидеме сигурни дека нема ништо и граѓаните да бидат безбедни.

– Во тек е истрагата во однос на дојавата, испратениот мејл од вработен од ЈСП „Скопје“. Лицето е приведено и со него работат надлежните служби, а паралелно трае и антитерористичката проверка. Состојбата е под контрола, истрагата тече, ќе се обезбедат сите потребни докази што се во овој дел и понатаму ќе информираме, изјави министерот Спасовски, за време на паузата од годишната конференција во рамки на Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026) во организација на женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ), што се одржува денеска во Скопје.

Тагови
реклама

Македонија

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Read more

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more
 

Вести

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе