Истражување: 30% од жените се жртви на економско насилство

Триесет проценти од испитаните жени изјавиле дека се жртви на економско насилство, а само 9,4 отсто ги пријавиле ваквите случаи во полициска станица или центар за социјални работи, покажуваат податоците произлезени од истражувањето „Економското насилство како форма на родово базирано и семејно насилство“, кое денеска беше презентирано од тимот на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Според истражувањето, како видови на економско насилство кои ги доживеале, испитаниците ги навеле отплаќањето на туѓи долгови, контролата на трошење на парите и располагањето со финансиски средства.

Авторката на истражувањето Тона Карова истакна дека наодите од истражувањето укажуваат на тоа дека во голема мера различните видови на економско насилство се препознаени, односно во најголем процент 82,9 проценти го препознаваат располагањето со лични приходи и финансии ограничено од страна на партнер или некој член од семејството, 84,3 проценти исклучувањето од донесување на финансиски одлуки, 82,9 проценти од испитаничките велат дека бараат дозвола и финансии за задоволување на лични потреби (пазарење, козметички услуги, потреби наменети лично за нејзе и друго), 78,6 проценти изјавиле дека се спречени и ограничени при изборот на вработување и можноста за заработувачка, а 71,4 проценти се ограничени со буџетот со кој располага за одржување на домаќинството и грижа на детето.

Од донесувањето на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во јануари 2021 година, кој стапи во сила лани во мај, според податоците од истражувањето добиени од Центарот за социјални работи на Град Скопје, евидентирани се само четири случаи на економско насилство.

– Од спроведениот увид како главен заклучок може да се извлече дека Центарот за социјални работи препознава еден вид на економско насилство и тоа надмирување на комунални, режиски и трошоци за домаќинството, а особено имајќи го предвид малиот број на случаи кои се регистрирани во Центарот за социјални работи. Особено загрижува тоа што воопшто не се евидентирани случаи на економско насилство во и меѓу партнерки односи, особено ако сме свесни за вредностите, стереотипите и начинот на живеење во нашето општество, изјави Карова.

Според истражувањето, перцепцијата на испитаниците е дека жените и мажите не се еднакви при наследувањето. Во онлајн прашалникот, 60 проценти од жените сметаат дека жените не наследуваат на еднаква основа со мажите. Дополнително, дури 41,4 проценти сметаат дека жените во брачна заедница немаат еднакви имотни права како и нивните партнери, иако формално правно неспорно имаат.

Постапување со еднакво и должно внимание за сите форми на родово базирано и семејно насилство, вклучително и економското насилство, целосно почитување на одредбите од Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство во постапување при случаи на економско насилство: преземање на мерки и активности согласно Националниот акциски план за имплементација за Истанбулската конвенција за искоренување на стереотипите, традиционалните и дискриминаторските практики кои постојат во нашето општество; спроведување на јавни кампањи наменети за подигнување на свеста кај граѓаните за постоење на различни форми на економско насилство, штетни последици, можностите за пријавување кај надлежните институции, на начин приспособен на различни групи на граѓани…се дел од препораките произлезени од истражувањето.

– Спроведување на почетна и континуирана едукација за вработените во центрите за социјална работа за видовите на економско насилство, препознавањето и постапувањето во случаи на економско насилство. Запознавање на стручни работници од центрите за социјална работа со законските одредби и воедначување на постапувањето во различни центри за социјална работа во случаи на економско насилство. Ревидирање на постоечките и развивање на нови мерки за вработување кои ќе бидат прилагодени на потребите на жените жртви на насилство (флексибилно или скратено работно време, самовработување со директно менторство. Обуки согласно индивидуални потреби итн), се дел од препораките од тимот на истражувачите од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство пратени до Министерството за труд и социјална работа, центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Македонија

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more
 

Вести

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе