Истражување: Брусницата го подмладува мозокот додека стареете

Храната која ја јадете со текот на времето може да влијае на вашиот мозок. Некои намирници всушност можат да го оштетат паметењето и да го зголемат ризикот од невродегенеративни нарушувања, додека од друга страна некои можат да го спречат когнитивниот пад.

Нова студија откри дека јадењето брусници може да помогне вашиот мозок да се подмлади додека вие стареете.

Во студија објавена во Frontiers in Nutrition, научниците ангажирале група од 60 возрасни лица на возраст од 50 до 80 години, на период од 12 недели. На дел од нив исхраната им ја надополниле со брусница. На основа на когнитивните процени пред и по тие 12 недели, оние кои консумирале прав од брусница имале подобро епизодно сеќавање и невролошко функционирање.

Авторот на студијата, д-р Дејвид Вазур од Медицинскиот факултет на Универзитетот Источна Англија од Норвич, за Eat This, Not That вели дека овие резултати ветуваат многу, но не е јасно дали овошјето може да помогне во заштитата од сериозни невролошки состојби.

„Резултатите од студијата се многу охрабрувачки, особено ако се земе обѕир дека релативно кратката 12-неделна интервенција со брусница успеа да произведе значајни подобрувања кај меморијата и невралните функции“, вели Вазур. „Сепак, потребни е да се истражи дали овие ефекти се забележани и кај луѓе со благ когнитивен пад или невродегенеративни нарушувања“.

Покрај тоа, се препорачува вклучување брусница во секојдневната исхрана, особено и друго зрнесто овошје како начин за спречување на когнитивни промени поврзани со стареењето.

Нутриционистот Џули Ендрус советува промените во исхраната да ги правите постепено, чекор по чекор.

„Фокусирајте се на една или две помали промени во исхраната за да вклучите повеќе намирници корисни за мозокот. Еднаш неделно може да замените порција солена храна со дланка зрнесто овошје и јаткасти плодови, а може да додадете и неколку шолји спанаќ во следната салата“, советува таа.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе