Истражување: Треба ли да се плакне оризот пред готвење?

Оризот е една од најпопуларните намирници во светот. Иако потекнува од Азија, тој е дел од многу традиционални кујни ширум светот. Сепак, неговата подготовка не е секогаш успешна, па често се поставува прашањето дали треба да се измие пред да се готви или не?

Имено, кулинарски експерти наведуваат дека миењето на оризот пред готвење ја намалува количината на скроб и дека тоа најдобро се гледа преку заматената вода. Затоа, според нив, доколку вашиот рецепт бара одвоени зрна, тогаш потребно е да го измиете оризот.

Од друга страна, миењето на оризот може да биде навика, но и мислење дека содржи разни штетни материи кои треба да се отстранат со миење.

Сепак, една неодамнешна студија објавена од ScienceDirect покажа дека процесот на миење нема ефект врз лепливоста или тврдоста на оризот.

Тие во ова истражување користеле три различни видови ориз и тоа леплив, средно зрнест и јасмин ориз. Подготвиле три верзии на овие видови ориз. Во првата верзија воопшто не ги плакнеле, во втората трипати смениле вода, а во третата со вода ги измиле дури 10 пати.

На крајот, истражувачите покажаа дека лепливоста не се должи на површинскиот скроб - амилоза, туку на друг скроб наречен амилопектин кој се измива од зрната ориз за време на процесот на готвење. Количината на амилопектин се разликува меѓу видовите на зрната ориз.

Ова би значело дека клучот за лепливоста е видот, а не плакнењето со вода. Сепак, тие наведуваат дека можеби ќе треба да го измиете оризот од други причини, а тоа е да ја измиете прашината, можните инсекти, лушпите од ориз и слично.

Исто така, наведуваат дека со големата употреба на пластика во прехранбената индустрија, можно е истата да се најде и во оризот, па истражувањата покажале дека со процесот на миење се мие и до 20% пластика од суров ориз.

Важно е да се напомене и дека оризот содржи прилично високо ниво на арсен, па се покажа дека миењето ориз отстранува околу 90% од таканаречениот био-пристапен арсен, но од друга страна, пак, исто така измива и голема количина на други хранливи материи важни за нашето здравје, вклучувајќи бакар, железо и цинк.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Живот

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Read more

Прогласена најдобрата мачка во светот

Read more

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Read more

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Read more
 

Магазин

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Читај повеќе

Што се случува со крвниот притисок кога пиете вода?

Читај повеќе