Истражување: Вирусните инфекции влијаат на развојот на невродегенеративните болести

Вирусните инфекции, како што е обичната настинка, влијаат на нервниот систем што може да има сериозни последици и влијание врз развојот на невродегенеративните болести, како што се деменција или Алцхајмер.

Американски научници ги анализирале медицинските податоци на над 400 илјади луѓе во Обединетото Кралство и Финска и откриле корелација помеѓу вирусните инфекции и развојот на невродегенеративните болести.

„Научниците со години бараа врска помеѓу единечното невродегенеративнои портеметување и специфичен вирус“, вели Мајкл Налс, неврогенетичар од Националниот институт за стареење во САД.

Додаде и дека научниците сега преминале на друг пристап кој се базира на податоци и наука.

„Користејќи ги медицинските досиеја, можевме со еден потег систематски да ги бараме сите можни врски“, рече тој.

Во првата фаза, истражувачите ги проучувале медицинските досиеја на речиси 300 илјади луѓе зачувани во националната база на податоци на Финска.

Тие барале луѓе кои имаат една од следните дијагнози - Алцхајмерова болест, мултипна или амиотрофична латерална склероза, генерализирана или васкуларна деменција или Паркинсонова болест.

Потоа, тимот проверил дали пациентите со овие дијагнози претходно биле хоспитализирани поради вирусна инфекција, освен во случај на инфекција со коронавирусот.

Првично, откриле 45 корелации помеѓу дијагнозата и вирусната инфекција.

Во Британија ги анализирале податоците на околу 96.000 луѓе, од кои 20.000 имале невродегенеративни нарушувања.

Студијата покажала дека деменцијата најчесто е резултат на вирусна инфекција - особено вирусен енцефалитис, вирусни брадавици, сите видови на грип и вирусна пневмонија.

Најсилната корелација е пронајдена помеѓу енцефалитисот и Алцхајмеровата болест.

Пациентите на кои им била дијагностицирана оваа вирусна болест имале 31 пати поголема веројатност подоцна во животот да развијат Алцхајмерова болест.

Исто така, научниците процениле дека јачината на врската помеѓу вирусот и болеста се менува со текот на времето, односно една, 5 и 15 години по инфекцијата.

На невродегенеративните болести им треба долго време за да се развијат, а врската би се очекувала да биде посилна по 15 години.

Сепак, се покажа дека најголемиот ризик бил во рок од една година од инфекцијата со вирусот, а потоа ризикот се намалувал со текот на времето.

„Сепак, фактот што најчесто користените вакцини го намалуваат ризикот или сериозноста на многу од вирусните заболувања забележани во оваа студија, ја зголемува можноста ризиците од невродегенеративни нарушувања да се ублажат“, вели д-р Налс.

Невродегенеративните нарушувања оштетуваат различни делови на нервниот систем. Најчесто се јавува во зрелоста или староста и предизвикува проблеми со дејствата или функциите како што се размислувањето, меморијата и движењето.

Минатата година, тим од научници спроведе студија која анализираше околу 10 милиони медицински досиеја и откри корелација помеѓу вирусот Епштајн-Бар и ризикот од мултиплекс склероза.

Иако оваа студија не ги идентификува причинско-последичните врски кои водат до невролошки нарушувања, таа обезбедува рамка за приближните граници на идните истражувања.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Вести

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more
 

Гик

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе