Изговорите на Маѕари: Врнеше, роденденот на Кавани, судијата се повреди...

Валтер Маѕари е веројатно најживописниот италијански тенер последниве две децении. Особено е интересен кога наоѓа изговори за неуспесите на неговите тимови.

Актуелниот стратег на Каљари е поранешен играч од средниот ред кој главно играл во втората и третата италиајнска лига, а во Серија А играл две сезони со Емполи и една полусезона со Каљари. Како тренер во Серија А е од сезоната 2004/05 кога ја водеше Реџина, а потоа и Сампдорија, Наполи, Интер, Торино, како и една авантура на Островот во Ватфорд. Но, има освоено само еден трофеј и тоа Копа Италија со Наполи кога за тимот играше и Горан Пандев.

Она што Маѕари го издвојува од останатите се честите и неверојатни изговори кога остварува слаб резултат.

Повреда на судијата

„Почнавме добро и така игравме сѐ додека не се повреди судијата. Потоа Емполи ни направи проблеми, а повредата на Ловато нѐ дотолчи. На крајот излезе добро бидејќи Емполи можеше да постигне уште голови“, гласи последниот изговорот на Маѕари за ремито 1:1 против Емполи изминатиов викенд. Главниот судија Федерико Дионизи се повреди по само 14 минути игра и на негово место влезе четвртиот судија Валерио Марини. Потоа во 26. минута се повреди играчот на Каљари, Матео Ловато.

Дијареа

Еден од неговите антологиски изговори е од времето на Наполи - изговорот со дијареа: „Пола тим имаат грип, 4-5 играчи беа со температура утринава, а еден играше со дијареа“.

Роденден му е на Кавани

Друг изговор од клупата на Наполи е кога загуби дома од чешка Викторија во Лига Европа, и тоа со убедливи 3:0. Тогаш вината ја најде во тоа што му било роденден на Единсон Кавани, а навивачите многу се занесле во роденденската атмосфера: „Можевте да видите дека вечерва не влеговме во натпреварот сконцентрирани. изгледа многу мислевме на роденденот на Кавани“.

Ни заврна

Додека го водеше Интер, за разочарувачкото реми 2:2 со Верона во ноември 2015, го обвини времето: „Создадовме многу шанси, а потоа почна да врне...“

Навивачка атмосфера

По ремито без голови на гости кај Торино во август 2014, исто така на клупата на Интер, причината ја побара во одличната атмосфера на домашните навивачи: „Тимот на Вентура беше магепсан од своите навивачи, не беше лесно да се игра на таков натпревар“.

Најдобри сме во корнери

И покрај неговите разочарувачки резултати со Интер, секогаш успеваше да најде некоја причина зошто тој е добар и да ја одбие секоја критика. „Изведовме повеќе корнери од било кој друг во Серија А, одете и видете ги бројките. Ние сме еден од најдобрите тимови во лигата кога станува збор за поседот на топка. Одигравме неколку одлични натпревари, сезоната за нас е позитивна“. Инаку, заврши на 5. место во Серија А.

URL
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе