Изложба на фотографии Жените и фотографијата 2024 во Куманово

На 07.03.2024 година во четврток, со почеток во 19:30 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата 2024“.

Изложбата ја организира Фото клубот Куманово во соработка со НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово и Општина Куманово.

„Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март, туку исто така го слави неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Со големо задоволство, овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии не оставија без зборови. Нивната преданост и страст кон уметноста на фотографирање се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја фотографија носи со себе нешто специфично, нешто што го искажува видувањето и искуството на авторката. Но во оваа изложба, секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само прилика за нас да се возхитиме на фотографското уметничко изразување на жените, туку исто така е и прилика да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество. Благодариме на сите учеснички за нивната инспирација и вклученост во оваа изложба, како и на посетителите кои ќе ја однесат дома со себе визијата на жените во фотографското уметничко творење“, велат организаторите.

Изложбата ќе биде поставена до 20.03.2024 година.

реклама

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе