Измамена е кавадарчанка, на која лажен јавен обвинител ѝ одзел 12 илјади денари, информираа денеска од СВР Велес. Оттаму појаснија дека станува збор за 62-годишна жена која случајот синоќа го пријавила во полиција.
– Според пријавеното, лицето ѝ се јавило, се претставило дека е јавен обвинител од Скопје и дека против нејзиниот син наводно се водела судска постапка. Како што е пријавено, лицето ѝ побарало 300 евра за да му помогне на нејзиниот син во судски процес, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и побарало парите да му ги пушти по такси возило во Гевгелија, по што го прекинал контактот со неа, соопштија од СВР Велес.
Се работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава.