Измените на Избориот законик поднесени до Собранието

Измените на Изборниот законик во којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори со поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и БЕСА, попладнево се поднесени до Собранието.

Засега нема информација од кабинетот на претседателот на Парламентот, Талат Џафери кога ќе биде закажана седница за тие да бидат изгласани.  

Измените на Изборниот законик во Собранието беа поднесени откако вчера лидерите на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, постигнаа финален договор во однос на употребата на фингерпринтот на локалните избори. Тие вчера се договорија исто така за одложување на пописот, кои, како што кажаа, би требало да се одржи во периодот од 5 до 30 септември и поради тоа ги пролонгираа и локалните избори за втората половина на октомври.  

Според информациите од пратеничките групи, во измените на Изборниот законик доставени до Собранието се содржани условите за гласање со терминалите за отчитување на отисок од прст, процедурите и постапките како да постапат изборните органи доколку терминалот и резервниот терминал не работат.

Измените содржат и предлог за промена на терминот на локалните избори. Тие најверојатно би се одржале на 24 или 31 октомври.

Договорот за употреба на фингерпринтер на локалните избори претходно беше постигант на ниво на работни групи на пратеничките групи.

– Денес сакам да ве известам дека поднесен е Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, потпишан од сите пратенички групи. Во овој предлог-закон измените предвидуваат две клучни работи, изјави денеска пратеникот Антонио Милошоски на прес-конференција во Собранието.

Првата, како што рече, е поместување на терминот за локалните избори за втората половина на октомври, што значи дека локалните избори би се одржале на 24 или на 31 октомври оваа година. Втората измена, додаде тој, е што се овозможува ефикасна употреба и реализација на законската обврска за употреба на уреди за отисок на прст при гласање, што ѝ овозможува на ДИК да биде на ефикасен начин поврзана со дата базата на МВР.

– Сметаме дека овие предложени измени ќе ја зголемат довербата во изборниот процес особено во едно, за жал, поларизирано општество како што е нашето, додаде Милошоски.

ДИК, како што изјави нејзиниот претседател Александар Даштевски, го очекува изгласувањето на овие измени на Изборниот законик за што поскоро да ја почне постапката за набавка на терминалите и за создавање услови за спроведување на ваков тип избори.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе