Израел подготвен да го бомбардира Иран

Израел е подготвен да го бомбардира Иран со цел да го спречи да произведе нуклеарно оружје, изјави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во интервју за италијанскиот весник Corriere della Sera.

– Дали бомбардирањето на Иран е солуција, која се разгледува во Израел? Да, има таква можност. Нема да дозволиме Иран да произведе или да набавува нуклеарно оружје. Ако тоа е последниот можен начин да спречиме таква активност, тогаш ќе дејствуваме со воени средства, истакна Кац.

Во интервјуто шефот на израелската дипломатија упати критики за европските земји бидејќи ја поддржуваат политиката на САД, под раководство на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја повлече земјата од иранскиот нуклеарен договор постигнат во 2015 година.

– Сè додека Иранците се во заблуда дека ја имаат поддршката од Европа, дотогаш ќе биде тешко тие да се повлечат, смета Кац.

Тој вчера за време на политичката конференција во Рим истакна дека е крајно време западните и арапските земји „да формираат коалиција, која ќе му се закани на Иран и ќе го принуди да ја прекине својата нуклеарна програма“. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе