Израелците го убија лидерот на Исламски џихад

Макфакс
/ 12.05.2023 / 08:41

Водачот на Палестинскиот исламски џихад (ПИЈ), Али Гали, е убиен во израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопшти израелската армија.

И додека сирените во Јужен Израел алармираа поради ракетен напад од таа палестинска енклава, Израел нападна цели поврзани со ПИЈ. Во израелската операција која трае од вторникот, загинаа 25 лица, меѓу кои и жени и деца.

Палестинските милитанти претходно истрелаа стотици ракети на израелска територија, а сирените се слушнаа во областа Тел Авив за првпат од август минатата година. Наводно, некои куќи на југот на Израел биле уништени. На пат кон прифатилиштето се повредени и неколку лица. Израелската војска објави на Twitter дека Гали е централна фигура во палестинскиот исламски џихад и одговорен за неодамнешните ракетни напади врз Израел.

Тој е командант на ракетната единица на военото крило ПИЈ. Тој е четвртиот висок командант на исламистичката група убиен во последните денови во израелските воздушни напади врз Појасот Газа. Палестински исламски џихад е милитантна група поддржана од Иран која дејствува заедно со Хамас во палестинската енклава.

Израелската армија објави дека нападнала 158 цели во Газа, додека за седум дена Палестинците истрелале 523 проектили кон Израел. Израелската воздушна одбрана пресретнала 96% од истреланите ракети. Израелската армија наведува и дека повеќе од 100 ракети не биле испукани правилно и дека загинале четворица Палестинци, меѓу кои и 10-годишно девојче. Исламскиот џихад тврди дека тоа не е точно.

Во вторникот, израелските воздухопловни сили убиле уште тројца високи членови на Исламскиот џихад во целни напади во Појасот Газа. По тој напад, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелската армија го збришала раководството на милитантната палестинска организација.

Во меѓувреме, Египет се обидува да посредува меѓу двете страни, но напорите за смирување на ситуацијата засега се неуспешни, изјави египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри. Египет беше домаќин на функционерот на ПИЈ, Мохамад ал-Хинди и уште двајца членови на исламистичката група во Каиро, како и странски дипломат за разговори за прекин на огнот.

„Не сме подготвени да ги прифатиме налудничавите барања на палестинскиот исламски џихад. Одвреме-навреме мораме да започнеме ваква акција, а токму тоа успешно го спроведоа израелските одбранбени сили (ИДФ) и разузнавачката агенција Шин Бет“, рече Јули Еделштајн, претседател на израелската парламентарна комисија за надворешни работи и одбраната. И во блокираната Газа и во блиските израелски градови, училиштата, продавниците и другите бизниси се затворени.

Израел ги освои Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, област која Палестинците ја сакаат за своја посебна држава, во шестдневната војна во 1967 година против Египет, Јордан, Сирија и Ирак. Потоа беа окупирани Синај и Голанската висорамнина. Израелската армија го напушти Синај во 1982 година, Газа во 2005 година, додека Западниот Брег и Голанската висорамнина сè уште се под нејзина јурисдикција. Преговорите за палестинска држава се замрзнати од 2014 година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе