Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на одмазда

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на  одмазда откако беа истрелани ракети од нејзина територија кон Израел.

„Шест ракети беа испукани од Либан кон Северен Израел и сите паднаа на територијата на Либан. Како одговор, нашите артилериски сили стрелаа кон цели лансирани од ракети“, соопшти израелската армија.

Експлозиите се слушнаа околу Кибуц Мисгав Ам во Северен Израел, непосредно пред израелската армија да соопшти дека одговорила со артилериски оган.

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го прикажува израелскиот одговор.

Нејасно е точно колку ракети биле истрелани од територијата на Либан, бидејќи израелската армија соопшти дека станува збор за шест ракети, додека либански безбедносни извори посочуваат дека во прашање се три ракети.

 
 

Според либански воен извор, израелската армија истрелала 22 гранати. Нема извештаи за жртви или штети од двете страни.

Мировната мисија на ООН во Либан, УНИФИЛ, соопшти дека испалувањето ракети било забележано од областа Рашаја ал-Фукар, село близу границата, и дека Израел возвратил на огнот.

Размената на огнот следеше за време на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, кој трае со денови и во кој загинаа повеќе од 200 лица, а околу 1.500 се повредени.

Израелската армија соопшти дека ноќеска уништила 15 километри од тунелот во Газа што го користел Хамас и дека од Појасот Газа биле истрелани 90 ракети кон израелските градови.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе