Извршителката Јакимовска нападна полицаец откако претходно го изгреба новинарот Фуркан Салиу

Извршителката Весна Јакимовска, вчера, откога го изгреба новинарот Фуркан Салиу, во полициската станица во Кичево нападна полицаец. Министерството за внатрешни работи денес извести дека извршителката ги уништила и записниците што полицијата ги направила за настанот.

„Вчера, во 23:20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј. (60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево физички го нападнала Ф.С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во денешниот билтен на МВР.

Фуркан Салиу вчера за „Макфакс“ изјави дека извршителката го изгребала, физички го нападнала и му го оштетила микрофонот.

„Почнавме да ја прашуваме зошто и како, кога го виде микрофонот, реагира како што реагира, го скина кабелот на микрофонот и бевме принудени да викнеме полиција бидејќи ни ги зеде и микрофоните. Во полицијата таа негира, два микрофона си зедовме, ама за еден негира дека е кај неа и не ни го врати. Додека бевме во полиција, имаше големи притисоци, бараше од полицијата да ми се одземат снимките, но тоа не оди така. Не може полицијата да ми одземе снимки. Мене ме изгреба, физички ме нападна и, како што кажав, го оштети микрофонот“, вели Фуркан Салиу за „Макфакс“.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници го осудија вчерашниот физички напад кон новинарот Фуркан Салиу од страна на извршителката од Кичево, Весна Јакимовска.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Хроника

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Read more

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Read more

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Read more

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе