Јакимовски: Мисајловски и Јанакиески се творци на планот за Алумина, ова не е мој проект

Ова не е проект на Стевчо, ова е проект на ВМРО-ДПМНЕ и на владата на ВМРО-ДПМНЕ. И продажбата и нарачките на урбанистичките планови и измените што се правени. Сѐ тоа наидувало на поддршка од мене и сега овој проект наидува на поддршка, рече градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на брифингот со новинари за проектот кај „Алумина“.

Јакимовски на новинарите им го објасни историјатот на продажбата на земјиштето на оваа локација и неколкуте измени на деталниот урбанистички план кои биле извршени на барање на инвеститорите и тогашните министри на ВМРО-ДПМНЕ, а биле поддржани од сите советнички групи и од градоначалникот Јакимовски.

„Овој проект мојата поддршка и од Општина Карпош ја има од 2009 година па навака. Ова што сега се случува е чиста политика. Факт дека е чиста политика е тоа што претходните одобрувања ги давале министри од ВМРО-ДПМНЕ а сега се тие најгласни противници. Тие знаат да кажат 'ама тоа било друго ВМРО-ДПМНЕ'. Господинот Мисајловски е актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Македонија. Кога е продавана 'Алумина' надлежен министер во Владата бил господинот Зоран Ставрески. Тој е сега советник на Христијан Мицкоски за локална самоуправа. Што значи партијата си има кадровски континуитет, меѓутоа очигледно се обидуваат различно да размислуваат кога се на власт и кога се во опозиција“, нагласи Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош исто така објасни дека во сите претходни планови на оваа локација биле предвидени згради со височина од 105 метри.

„Продажбата на 'Алумина' е извршена во времето на Никола Груевски некаде во 2008 година. Купувачи беа 'Газит Глобал' од Израел. Колегата Андреј Петров пристапил кон измени на урбанистичкиот план и внатре се ставени параметри како што барале инвеститорот и министерството за транспорт и врски. Тогаш министер беше господинот Миле Јанакиески. Тој урбанистички план се усвојува кога јас станувам градоначалник на 19 ноември 2009 година кога претседател на Совет на Општина Карпош е Трифун Трифуновски од СДСМ. Значи овој урбанистички план сме го гласале ние, гласале и ВМРО-ДПМНЕ, одобрен е од министерот за транспорт и врски, како побарале за странскиот инвеститор, така сме направиле и немало никаков проблем ни со граѓани, ни со било кого. И тогаш стоело во проектот згради со висина од 105 метри. Значи 105 метри не е измислено ниту од мене ниту од изготвувачите на најновиот план.

Вториот план, на барање на инвеститорите од министерството за транспорт и врски кога сѐ уште е министер господинот Миле Јанакиески побараа од нас да го смениме урбанистичкиот план во текот на 2012 година, односно 2013 година бидејќи со новиот генерален план се добија некои нови параметри. И повторно во тој план имаме висина од 105 метри. Тогаш претседател на совет е господинот Сашо Лазаревски од ВМРО-ДПМНЕ. И овој план го гласаме сите и апсолутно немаме никаков проблем ниту со советничка група, ниту со граѓани. Во 2016 година доаѓаат сопствениците на земјиштето од Израел и на состанок кај министерот во кабинет побараа уште една промена (трет план). На инсистирање на министерот направивме и трет урбанистички план кој е усвоен на 5 јануари 2016 година, а министер тогаш е господинот Владо Мисајловски-Кендо, актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Повторно е потпишан и господинот Сашо Лазаревски како претседател на Советот на Општина Карпош. И тогаш ние немавме никаков проблем.

Најновиот план што го имаме, повторно имаме 105 метри висина каде што се предвидени да се градат две висококатници со по 35 ката. Всушност ова е предлог на господинот Стефан Богоев, јас вака го наследив овој проект.

Што е за нас овде важно? Јас без разлика кој бил во составот на Општина Карпош, во континуитет го поддржувам проектот. Без разлика дали е на власт ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, без разлика дали сме на власт во Општина Карпош со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ проектот 'Алумина' секогаш добивал поддршка затоа што сметам дека е добар проект. Со најновиот проект со 1.000 нови паркинг места го разрешуваме проблемот со паркирање на улица 'Прашка', го разрешуваме проблемот со паркирање кај Настел, го разрешуваме проблемот со паркирање и од другата страна кај Сити Плаза. Дополнителен квалитет ни дава проектот што сите сообраќајници ќе бидат под земја, а сѐ што е над земја ќе биде зеленило“, истакна Јакимовски пред новинарите.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе