Јанева: Не сум виновна, немам земено пари

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Во работата како СЈО сум одлучувала исто како што сега одлучува Јавното обвинителство, а замислете држена сум девет месеци во притвор за давање мислење за промена на мерка притвор на Орце Камчев, изјави денеска во судот Катица Јанева, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Посочи дека Јавното обвинителство за овој предмет го променило мислењето за притворот на Зоран Милески, без притоа да се променат ниту една од околностите и тоа не се смета за злоупотреба и пречекорување на овластувањата.

– Од тука сметам дека обвинението за кое повеќе од девет месеци сум држена во притвор е целосно неосновано. Замислете за мислење кое сум го дала сум држена во притвор, изјави Јанева.

Според неа, СЈО не привилегирало никого, туку Врховниот суд ги привилегира сите тие кои ги гонеле, а нив ги направил неовластен тужител.

– Чекам да видам дали една од тие истраги ќе биде завршена. Зошто ЈО влезе во СЈО. Барем да го земеше предметот „Империја“ и да го изанализираше. Да видеше дека Орце Камчев не бил никогаш привилегиран. Зошто сите наредби за вештачење се повлечени. Што мислеше, а што најде. Не, важно беше што одлуки сум поништила, изјави Јанева.

Не е точно, рече Јанева дека, дека му го вратила пасошот на Камчев, како што стои во диспозитивот на обвинението. Тврди дека само има дадено мислење за издавање привремена патна исправа, а судот носи одлука.

– Во моите обвиненија никаде не пишува дека се чека вештачење и потоа се повлекува, туку се почитуваат сите човекови права и постапки, изјави Јанева.

Нагласи дека никогаш не понудила привилегии на Јордан Камчев, и дека целиот случај е монтиран и граден врз основа на еден исказ – на Јордан Камчев.

– Ако судот ги прибавеше доказите од „Империја“ ќе видеше дека никогаш не му била понудена никаква привилегија или својство на заштитен сведок. Ќе видевте дека тој самиот доаѓа во СЈО и бара да соработува, изјави Јанева.

Прашана дали примила парични средства за давање мислење за промена на мерката притвор со куќен притвор и враќање на времената патна исправа на Орце Камчев, Јанева рече дека најодговорно тврди оти од никого никогаш не примила пари за давање привилегирана состојба во предметот „Империја“.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева пред судот кажа дека е невина и затоа бара да биде ослободена.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе