Јанева во домашен притвор, Рускоска најави финансиска истрага за судиите од Апелација

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“, е пуштена во домашен притвор по одлука на Апелацискиот суд, а јавната обвинителка Вилма Рускоска која го води случајот најави покренување на финансиска истрага против судиите кои донеле ваква одлука.

– Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави вчера Рускоска за МИА.

Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и со качулка на главата во полициска придружба беше пренесена во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници во Скопје. Од таму, Јанева ќе го чека судењето закажано за 3 декември.

Мерката притвор која ѝ беше определена на Јанева вчера попладне ја укина скопскиот Апелациски суд кој ја уважи нејзината жалба и ѝ одреди мерка куќен притвор.

– Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост, изјавија од Апелацискиот суд за МИА. Лекарската документација, според судиите од Апелација, укажувала дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Во случајот „Рекет“ покрај Јанева, обвинети се Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец. Јанева беше уапсена на 21 август по што судот ѝ одреди мерка притвор. Покрај Јанева, во домашен притвор претходно беше пуштен и Кичеец, а во притвор останува Бојан Јовановски за кого неговите адвокати вчера побараа да биде хоспитализиран поради здравствени проблеми.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе